Кошаркарот на Портланд Дени Авдија прогласен за играч на неделата на Западната конференција на НБА лигата.

Портланд минатата недела забележа три победи и еден пораз, а Авдија во просек постигнуваше по 26,8 поени по натпревар, 9,8 скокови и 8,3 асистенции и за прв пат во кариерата е прогласен за играч на неделата во НБА лигата.

За надобар играч на Истокот е прогласен кошаркарот на Филаделфија Тајрис Макси со просек од 34,7 коша по натпревар, 8,7 асистенции и 6,7 скокови.

Филаделфија минатата недела имаше три победи на три натпревари.

Слични новости

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ го забележа својот 26-ти трипл дабл оваа сезона со 31 кош, 20 скокови и 10 асистенции, а Џамал Мари постигна 39 коша, од кои повеќето во второто полувреме кога Денвер направи преврт.