Кошаркарите на Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА лигата, откако утринава на гости го победија Кливленд со резултат 130:93 во четвртиот натпревар од финалето на плеј офот во Источната конференција.

Кошаркарите на Њујорк до финалето на НБА стигнаа по 27 госини со „метла“, односно го „исчистија“ Кливленд со 4:0 без да загубат ниту еден меч во финалето на Истокот.

Никси последен пат играа во финалето на НБА лигата во 1999 кога загубија од Сан Антонио.

За најкорисен играч (МВП) на финалето на Истокот беше прогласен кошаркарот на Њујорк Џејлен Бронсон.  

 

Слични новости

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.