Кошаркарите на Партизан се победници на регионалната АБА лига откако ја победија Будуќност со 90:75 пред 21.434 гледачи во Белград и славеа во серијата до три победи со 3-1.

Брендон Дејвис и Стерлинг Браун го предводеа Партизан до победа со по 18 поени, додека Кевин Ферел беше најефикасен на спротивната страна со 23 поени.
Ова е осма шампионска титула на Партизан во АБА лигата, со што стана рекордер по бројот освоени трофеи во ова регионално натпреварување.
Црвена ѕвезда славеше седум пати, ФМП двапати, а уште шест клуба по еднаш.
Слични новости
Најголемиот аргентински талент Мастантуоно потпиша за Реал Мадрид
Реал Мадрид денеска и официјално го потврди ангажманот на еден од најголемите светски таленти, Франко Мастантуоно.
Филипо Инзаги ја напушти Пиза откако го водеше тимот до Серија „А“
Италијанските медиуми пишуваат дека се очекува Инзаги, кој го водеше и Беневенто до Серија „А“, сега да стане тренер на клубот од Серија „Б“, Палермо.
Де Брујне потпиша за Наполи
Белгискиот играч од средниот ред, 33-годишниот Кевин Де Брујне, официјално стана член на италијанскиот фудбалски шампион Наполи, објави клубот