Кошаркарите на Партизан се победници на регионалната АБА лига откако ја победија Будуќност со 90:75 пред 21.434 гледачи во Белград и славеа во серијата до три победи со 3-1.

 

Брендон Дејвис и Стерлинг Браун го предводеа Партизан до победа со по 18 поени, додека Кевин Ферел беше најефикасен на спротивната страна со 23 поени.

Ова е осма шампионска титула на Партизан во АБА лигата, со што стана рекордер по бројот освоени трофеи во ова регионално натпреварување.

Црвена ѕвезда славеше седум пати, ФМП двапати, а уште шест клуба по еднаш.

globe

Слични новости