Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави повеќе информации по завршување на увидот, ќе се издадат наредби и бидат сослушани повеќе лица.
„Можам да гарантирам дека истрагата ќе биде навистина целосна, брза. Ќе ангажираме вештаци од сите области така што ќе ги видиме причините и ќе видиме чија е одговорноста“, рече Коцевски.
Обвинителот кажа дека во моментот јавните обвинители издаваат наредби во однос на одговорноста како хоризонтална, така и вертикална и евентуалните лица што можат да бидат инволвирани и да има одговорност во овој настан.

Јавниот обвинител на заминување, Љупчо Коцевски, во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место.
Тројца јавни обвинители вршат увид на местото на пожарот во Кочани и ги прибираат сите потребни докази.
Коцевски не откри колку лица досега се приведени, посочувајќи дека во текот на денот и за тоа ќе биде информирано.
„Откако Јавното обвинителство е известено формиравме тим од петмина јавни обвинители, со тоа што двајца јавни обвинители од ОЈО Скопје, еден јавен обвинител од ОЈО Штип и двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани. Дел од обвинителите се на терен, а другиот дел издаваат наредби за одредени процесни дејства“, посочи обвинителот.
Коцевски изрази сочувство до семејствата на загинатите, до граѓаните на Кочани и до целиот македонски народ. Се работи за голема трагедија, рече тој.
Во пожарот во дискотека во Кочани ноќеска загина 59 лица, а според досегашните информации, 118 се повредени.

Слични новости
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени
Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на опожарената дискотека
Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.
Протест во Кочани, се бара одговорност
Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот