„Сметам дека во овој момент не е целисходно да се водат две паралелни постапки и пред Анкетната комисија да се расправа за докази или да се даваат искази кои треба да бидат дел од кривична постапка“, изјави Јавниот обвинител Љупчо Коцевски откако претседателот на законодавниот дом Африм Гаши побарал државниот обвинител да се произнесе дали Анкетната комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Македонија, ќе влијае на постапката во обвинителството и судовите.

„Не би можел однапред да претпоставам како членовите и сведоците повикани пред Анкетната комисија планираат да ја излагаат својата аргументација пред Комисијата, меѓутоа доколку притоа бидат изнесувани докази и документи кои се поврзани со кривичните постапки кои се водат, постои опасност тие да се компромитираат“, смета Коцевски кој додава дека за причините и одговорноста за непостапувањето или пропустите на институциите се водат постапки.

Во Собранието со 84 гласа „за“, беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која ќе ги опфати сите немили случаи и трагедии во кои изгубија живот 138 лица. Комисијата ќе ги опфати случаите со модуларната клиника во Тетово, автобуските несреќи кај Ласкарци и во Бугарија, како и пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Од парламентарното мнозинство посочуваат дека со ваквата одлука покажуваат дека се први кои сакаат овие случаи да се расчистат и одговорноста — законска или политичка — да ја понесе секој што бил виновен за случувањето на трагедиите.

globe

Слични новости

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ