Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски гарантира дека од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации, имајќи предвид дека голем број на осомничени лица се недостапни на органите за прогон. Тој истакна дека нема податоци за локацијата на поранешниот вицепремиер Артан Груби, а во врска со поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е осомничен во друг случај, Коцевски објасни дека не побарале притвор бидејќи предвидената казна е до пет години затвор.

На прашањето дека сè почесто гледаме дека осомничени не се достапни за органите на прогон, односно од каде излегуваат информациите, конкретно за акцијата за групата Беланоца во која не се достапни петмина осомничени, Коцевски во интервју за Радио слободна Европа (РСЕ) потенцираше дека од страна на ЈО не протекуваат никакви информации.

-Во тој поглед јас како државен обвинител можам да ви гарантирам дека од страна на ЈО не протекуваат никакви информации за тоа што тие предистраги, тие мерки за следење со месеци биле активни и претходно и ниедна не пробила. Акцијата е пробиена во завршна фаза односно ден два пред да се преземе официјално акцијата. Токму и на таа околност ЈО и сега истражува да дознае „кој е кртот“ на пробивање на акцијата, меѓутоа ете успеа два дена пред планираното да спроведе акција и дел од осомничените да ги уапси, посочи тој.

Во врска со бегството на Артан Груби, обвинителот Коцевски изјави дека Јавното обвинителство во моментов нема податоци каде се наоѓа осомничениот. Тој објасни дека пред неговото излегување од државата, ЈО имало ставено СТОП мерка до сите царински органи.

-Од она што го слушнавме од министерот, се работи за човечки фактор и начинот на кој што поминал го истражува МВР, рече Коцевски, додавајќи дека против надлежниот службеник и некои други лица е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал, рече Коцевски во интервју за РСЕ.

Во врска со истрагата за влијанието на Груби во судскиот процес „Таргет – Тврдина“, Коцевски потврди дека како државен обвинител оформил предмет по допрен глас и дека обвинителството дало наредба да се прибават одредени докази.

-Првите дејства беа во Судскиот совет да се прибави предметот во однос на постапката против судијата кој беше ставен на црната листа и да се преземат сите други дејствија во однос на обезбедување докази. Со тоа што и понатаму предметот е прибавен со кој беше казнет судијата Беџети, но и понатаму се преземаат одредени дејства со издавање на наредби и ценам дека ќе оди во добар правец, посочи републичкиот обвинител.

За бегството на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, Коцевски изјави дека Обвинителството за гонење организиран криминал утврдило дека може да се работи за дело со казна до пет години затвор и затоа не е одредена мерка притвор. Тој додаде дека во моментот на претресот, Ковачевски не бил во државата и дека сѐ уште нема официјално известување од МВР дали е достапен на државните органи.

Во однос на прашањето за пријавите против поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот генерален секретар, Методија Димовски, Коцевски објасни дека Финансиската полиција и МВР поднеле кривични пријави до ОЈО Скопје, кои се споиле и дека јавниот обвинител кој го работел предметот оценил дека има доволно докази само за осомничените за кои повел истрага во случајот со „Државна лотарија“.

– За другите не е отфрлена кривичната пријава, што значи сѐ уште се истражуваат, а ако има елементи на кривично дело, ќе се постапи и за нив, посочи Коцевски.

globe

Слични новости

Уште 12 повредени од Македонија префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

Уште 12 повредени од Македонија префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

Во меѓувреме, на Клиниката за токсикологија во Скопје хоспиталзирани се 10 лица кои имаат интоксикација со гасови. Сите пациенти кои беа на лекување во Кочани се префрелени во Скопје. Уште три лица се донесени на опсервација поради вдишување на гасови

Бектеши и поранешниот директор на пазарниот инспекторат Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани

Бектеши и поранешниот директор на пазарниот инспекторат Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по потпишувањето во Книгата на жалост поради загинувањето на 59 лица во Кочани