Чешката фудбалска асоцијација во петокот објави дека Мирослав Коубек е назначен за селектор на Чешка, која ќе игра во квалификациите за Светското првенство 2026 во март.

Седумдесет ичетиригодишниот Кубек доби договор од две ипол години и ќе го наследи Иван Хашек, кој беше отпуштен на 15-ти октомври по срамниот пораз на Чесите на домашен терен од Фарските Острови во квалификациите за Светското првенство.

 

Коубек, поранешен голман, водеше неколку чешки клубови, вклучувајќи ги великаните Славија Прага и Баник Острава. Неговиот последен договор, со Викторија Плзен, истече во септември.

Чешка, која заврши втора во Групата Л од квалификациите за Светското првенство 2026 година зад Хрватска, ќе мора да игра плејоф натпревар против Ирска на 26-ти март во Прага. Доколку ја победат Ирска, Чесите ќе се соочат или со Македонија или со Данска во плејофот, исто така во Прага, на 31-ви март.

Доколку Чесите излезат како победници од ова предизвикувачко патување, ќе се квалификуваат за Светското првенство следното лето, каде што нивни противници во Групата А ќе бидат Мексико – ко-домаќин со САД и Канада – Јужна Африка и Јужна Кореја.

Чешка досега учествувала само на еден финален турнир на Светското првенство како самостокна држава по мирното раздружување со Словачка, во 2006 година, кога не успеа да ја мине групната фаза.

globe

Слични новости

Јокиќ испиша историја на НБА и го претекна Карим Абдул Џабар на листата на центри со најмногу асистенции

Јокиќ испиша историја на НБА и го претекна Карим Абдул Џабар на листата на центри со најмногу асистенции

Во Денвер беше испишана нова историја во НБА лигата со асистенцијата на Никола Јокиќ до Џејлен Пикет која беше негова 5661-ва во кариерата со што го претекна легендарниот Карим Абдул Џабар и стана центар со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата

Верстапен во новата сезона со бројот 3, Норис го зеде бројот 1

Верстапен во новата сезона со бројот 3, Норис го зеде бројот 1

Холанѓанецот Макс Верстапен ќе го вози болидот на Ред Бул со својот омилен број 3 во следната сезона во Формула 1, откако поранешниот клупски колега Даниел Рикардо му дозволи да го користи тој број, додека Ландо Норис одлучи да го земе бројот 1 како актуелен светски шампион