Чешката фудбалска асоцијација во петокот објави дека Мирослав Коубек е назначен за селектор на Чешка, која ќе игра во квалификациите за Светското првенство 2026 во март.
Седумдесет ичетиригодишниот Кубек доби договор од две ипол години и ќе го наследи Иван Хашек, кој беше отпуштен на 15-ти октомври по срамниот пораз на Чесите на домашен терен од Фарските Острови во квалификациите за Светското првенство.
Коубек, поранешен голман, водеше неколку чешки клубови, вклучувајќи ги великаните Славија Прага и Баник Острава. Неговиот последен договор, со Викторија Плзен, истече во септември.
Чешка, која заврши втора во Групата Л од квалификациите за Светското првенство 2026 година зад Хрватска, ќе мора да игра плејоф натпревар против Ирска на 26-ти март во Прага. Доколку ја победат Ирска, Чесите ќе се соочат или со Македонија или со Данска во плејофот, исто така во Прага, на 31-ви март.
Доколку Чесите излезат како победници од ова предизвикувачко патување, ќе се квалификуваат за Светското првенство следното лето, каде што нивни противници во Групата А ќе бидат Мексико – ко-домаќин со САД и Канада – Јужна Африка и Јужна Кореја.
Чешка досега учествувала само на еден финален турнир на Светското првенство како самостокна држава по мирното раздружување со Словачка, во 2006 година, кога не успеа да ја мине групната фаза.
Слични новости
Рекордни заработки на фудбалските менаџери 2025.
Фудбалските менаџери во глобални рамки во 2025 година заработиле рекорден износ во споредба со претходните години, соопшти ФИФА
Мареска ги негира информациите за можен трансфер во Манчестер Сити
Главниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, ги негираше медиумските извештаи дека се разгледува како можен наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, велејќи дека информациите се чиста шпекулација
Пеп Гвардиола најавува заминување од Манчестер сити, можен наследник Енцо Мареска
Во Британија се повеќе се пишува дека пеп Гвардиола е заситен од тренерската позиција во Манчестер сити и дека ќе го напушти „Етихад“ на крајот од сезоната иако има договор да остане во клубот уште 18 месеци.


