По повод одбележувањето на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски преку видео обраќање упати честитка до граѓаните и ги повика на лојалност кон Уставот и исполнување на својата должност кон татковината.
„По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени“, порача Костадиновски.
Тој нагласи дека изградбата на правна држава денес претставува чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената земја, како и најсигурен начин да се зачува заветот на предците и да се обезбеди иднина за наследниците во слободна, демократска и просперитетна држава.
-Ве повикувам на овој ден, како генерација да ја исполниме нашата должност кон татковината, нагласи претседателот на Уставен суд.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


