Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската полиција да започне истрага за паѓањето на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, што се случи за време на пребројувањето на гласовите од парламентарните избори одржани во неделат

 „Соопштуваме дека Основното обвинителство во Приштина ја овласти косовската полиција да преземе истражни дејствија или мерки во соработка и координација со надлежните институции за каква било злоупотреба или манипулација со гласови по исклучувањето на веб-страницата на ЦИК“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Во неделата, околу 21 часот, „падна“ сајтот на ЦИК, а од оваа институција тврдат дека тоа било резултат на технички проблеми „поради големиот интерес“.

Косовскиот премиер Албин Курти во понеелникот прогласи победа на неговото движење Самоопределување (VV) на парламентарните избори на 9. февруари, но тој нема да може сам да формира влада.

Прелиминарните резултати покажуваат дека Самоопределување ќе има околу 47 пратеници во новото косовско Собрание, со освоени 41 отсто од пребројаните гласови. Втора е опозициската Демократска партија на Косово со 22,19 отсто добиени гласови, потоа Демократскиот сојуз на Косово со 17,62 отсто од гласовите и Алијансата за иднината на Косово (ААК) (7,61 отсто).

Српската листа, најголемата партија на косовските Срби освои 4,2 отсто од гласовите и, според нејзините лидери, ќе ги освои сите 10 места во парламентот што и се загарантирани на српската заедница

Право на глас имаа нешто повеќе од два милиони граѓани, а на гласање излегле 40,51 отсто од нив.

globe

Слични новости

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него

Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира

Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира

Централното изборно тело на Романија во неделата му забрани на екстремно десничарскиот проруски кандидат Калин Георгеску да се кандидира на повторените претседателски избори во Романија во мај