Трети предвремени парламентарни избори за нешто повеќе од една година ќе се одржат во Косово, откако парламентот не успеа да избере нов претседател на државата во предвидениот рок.
Од синоќа на полноќ, кога политичките партии не постигнаа консензус за избор на наследник на Вјоса Османи, чиј мандат истече минатиот месец, парламентот по автоматизам се распушти.
Според косовскиот устав, изборите мора да се одржат во рок од 45 дена по распуштањето на парламентот, иако точниот датум сѐ уште не е објавен.
Новата влада на Албин Курти беше формирана по изборите во декември минатата година, но кризата повторно исплива на површина кога истече мандатот на Османи, а опозицијата и власта не успеаја да постигнат согласност за нејзин наследник.
Слични новости
Турција распореди систем „Патриот“поради ракетни закани од конфликтот со Иран
Турското Министерство за одбрана соопшти дека американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распореден во југоисточната провинција Малатија
Израел: Војната со Иран може да трае долго
Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир, предупреди дека војната со Иран може да трае долго и ги повика офицерите да се подготват за продолжен конфликт.
Експлозија во синагога во Белгија
Во синагогата во белгискиот град Лиеж рано утринава се случи експлозија во која нема повредени. Белгиските медиуми пренесуваат дека е причинета материјана штета врз синагогата.


