Трети предвремени парламентарни избори за нешто повеќе од една година ќе се одржат во Косово, откако парламентот не успеа да избере нов претседател на државата во предвидениот рок.

Од синоќа на полноќ, кога политичките партии не постигнаа консензус за избор на наследник на Вјоса Османи, чиј мандат истече минатиот месец, парламентот по автоматизам се распушти.

Според косовскиот устав, изборите мора да се одржат во рок од 45 дена по распуштањето на парламентот, иако точниот датум сѐ уште не е објавен.

Новата влада на Албин Курти беше формирана по изборите во декември минатата година, но кризата повторно исплива на површина кога истече мандатот на Османи, а опозицијата и власта не успеаја да постигнат согласност за нејзин наследник.

Слични новости

Нови израелски напади врз Бејрут

Нови израелски напади врз Бејрут

Израелски воздушен напад утрово погоди станбена зграда во Башура, централен Бејрут. Големи облаци чад се издигаа од местото додека автомобилите минуваа покрај него.