Трети предвремени парламентарни избори за нешто повеќе од една година ќе се одржат во Косово, откако парламентот не успеа да избере нов претседател на државата во предвидениот рок.
Од синоќа на полноќ, кога политичките партии не постигнаа консензус за избор на наследник на Вјоса Османи, чиј мандат истече минатиот месец, парламентот по автоматизам се распушти.
Според косовскиот устав, изборите мора да се одржат во рок од 45 дена по распуштањето на парламентот, иако точниот датум сѐ уште не е објавен.
Новата влада на Албин Курти беше формирана по изборите во декември минатата година, но кризата повторно исплива на површина кога истече мандатот на Османи, а опозицијата и власта не успеаја да постигнат согласност за нејзин наследник.
Слични новости
САД најавија блокада на иранските пристаништа
Од денеска САД ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран.
Тиса на Петар Маѓар убедлив победник на изборите во Унгарија, Орбан падна по 16 години на власт
На вчерашните избори во Унгарија опозициската партија Тиса на Петар Маѓар е спектакуларен победник, откако според првичните резутати на изборната комисија освои дури 138 места од 199-те места во парламентот и самата ќе има двотретинско мнозинство.
Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран
Пакистанската престолнина денеска е под засилени безбедносни мерки и речиси целосно мирна, додека властите го затворија градот пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран, чија цел е постигнување траен прекин на огнот по повеќенеделен конфликт.


