Космонаутите на НАСА Суни Вилијамс и Буч Вилмор, кои го привлекоа меѓународното внимание кога нивниот планиран осумдневен боравок во вселената прерасна во мисија која траеше повеќе од девет месеци, конечно се вратија на Земјата.

Вилијамс и Вилмор, заедно со космонаутите Ник Хејг и Александар Горбунов од руската вселенска агенција Роскосмос безбедно слетаа кај Талахаси, во близина на Флорида.

Вилмор и Вилијамс отидоа на веселенската станица во јуни минатата година како прва посада на леталото „Боинг Старлинер“ во рамки на осумдневна мисија. Нивното враќање беше постојано одлагано поради проблем со погонскиот систем на леталото, па НАСА донесе одлука да ги врати на Земјата со капсулата „Спејс Х“.

Слични новости