Температурите на воздухот од јуни до август летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија, покажуваат податоците на службата на ЕУ за следење на климатските промени – Коперникус.
Повеќе од 50 проценти од територијата на европскиот континент била изложена на силен топлотен бран што надминал 38 степени, објави Гардијан.
Извештајот на Коперникус покажа дека најмалку 60 проценти од Западна Европа летово цели 17 дена имала температури над 30 степени.
Европа уште од крајот на мај имаше невообичаено ран почеток на летното време, а високи температури беа забележани дури и во текот на септември.
Слични новости
Музичките гиганти против вештачката интелигенција: Тужба против Антропик за кражба на авторските права
Во тужбата се наведува дека „Антропик“ незаконски вршел обука на своите модели на десетици илјади авторски заштитени музички дела на издавачите, што е поширок случај од другите тужби кои досега беа поднесени, а се однесуваа на многу помалку дела.
Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
Турските серии станаа стратешка предност, чија важност далеку ја надминува нивната економска вредност, бидејќи го зголемуваат интересот за турскиот јазик, култура, гастрономија и туристички дестинации
Евтаназијата легализирана во цела Австралија
Според усвоените одредби, барање може да поднесат полнолетни лица заболени од неизлечива болест, за која се проценува дека ќе доведе до смрт во рок од најмногу 12 месеци. Исполнетоста на барањето мора да го потврдат двајца независни лекари.


