Како што наближува крајот на септември Европа повторно ќе ја зафати период на необично топло време, соопшти метеоролошката станица „ Severe weather Europe“ наведувајќи дека топлотниот бран ќе се задржи до почетокот на октомври.
Топлиот воздух од северна Африка и Медитеранот локално ќе ги подигне темпретаурите за 8 до 12 степени Целзиусови над долгогодишниот просек и ќе се прошири на големи делови на западна, централна и северна Европа.
Исклучително топлото време за крајот на септември ќе донесе стабилна и сува воздушна маса која ќе го продолжи топлото време во ниските басени и урбаните долини.
Според среднорочната прогноза топлотниот бран ќе биде долготраен, а ќе се прошири се до Франција и Шведска.
Слични новости
Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар
Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.
