Македонскиот музичар и виртуоз на гитара Влатко Стефановски со своето трио и гости, одржа концерт во 2МТС салата“ во Белград, а кај публиката создаде емоции уште при уводната изведба на песаната „Македонско девојче“.

Енергичната атмосфера и величествениот звук со секоја нова мелодија одново го покажуваа мајсторството на познатиот македонски гитарист. Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.

Весникот коментира дека посебно го прослави вештото комбинирање на етно-џезот, рокенролот, џез фјужнот и македонската традиционална музика со непарни ритмови.

Слични новости

Италијанската кујна на листата на УНЕСКО

Италијанската кујна на листата на УНЕСКО

УНЕСКО во средата ја вклучи италијанската национална кујна на својата листа на нематеријално културно наследство, официјално признавајќи ја важноста на оваа кулинарска традиција што со векови се пренесува од генерација на генерација