Бањалучки Борац успеа да ја сочува својата мрежа недопрена на гостувањето против Олимпија во Љубљана, што му овозможи на босанско-херцеговскиот претставник да ја зачува предноста од еден гол од првиот натпревар и да се пласира во осминафиналето на Конференциската лига.
Словенечкиот тим испишти можност да поведе од пенал уште во 7. минута, а неуспешен изведувач беше Шпанецот Алехандро Бланко чиј удар го одбрани голманот на Борац, Филип Манојловиќ.
Литванскиот судија Лукјанчукас го продолжи натпреварот за 18 минути во вториот дел, бидејќи натпреварот мораше да биде прекинат поради судир на навивачите на трибините на стадионот „Стожице“, за што беше мораше да реагира и интервентната полиција.
Борац од Бања Лука во осминафиналето ќе игра против Рапид Виена или Фиорентина.

Жестока беше кипарската пресметка меѓу Пафос и Омонија. Пафос го доби реваншот со 2:1 и се пласираше во осминафиналето со вкупни 3:2. Стрелци за Пафос беа Бруно во 28. и Силва 65., додека Стеван Јоветиќ во 60. минута го постигна тогаш израмнувачкиот гол за Омонија.
Можни противници на Пафос во осминафиналето се швајцарски Лугано и шведски Џургарденс.
Фудбалерите на Гент го совладаа Бетис со 1:0 на гостувањето во Севиља, а стрелец беше Арчи Браун во 87. минута. Сепак, шпанскиот претставник обезбеди пласман во осминафиналето, бидејќи во Белгија победи со 3:0.
Бетис би можел да се соочи со лондонски Челзи или португалска Виторија Гимараеш.
Копенхаген во првиот меч пред своја публика беше поразен со 2:1 од германскиот тим Хајденхајм, но данскиот тим ја надополни таа негатива во реваншот. Головите на Чиаха во 37. и Дикс од пенал во 53. минута му донесоа водство на Копенхаген, но Скиенца во 74. минута го однесе Хајденхајм во продолженијата. Мексиканецот Родриго Хуескас ја искористи грешката на домашната одбрана во 114. минута и го постигна решавачкиот гол за да го испрати Копенхаген во осминафиналето.
Данскиот тим може да се соочи со лондонски Челзи или португалска Виторија Гимараеш како нивни противници во оваа фаза од натпреварувањето.
Слични новости
Лаутаро Мартинез не игра за Аргентина
Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, објави во средата аргентинската федерација
Клиперси го победија водечкиот тим на истокот Кливленд
Најефикасен во тимот на Клиперс беше Каваи Ленард со 33 поени, а Ивица Зубац постигна 28 коша со 20 скокови. Богдан Богдановиќ постигна 20 поени со стопроцентен шут од игра 8 од 8.
Голден Стејт го победи Милвоки, Бостон подобар од Бруклин и покрај повредите во тимот
Екипата на Голден Стејт Вориорс утринава во Сан Франциско ги победи Милвоки Бакс со 104:93. Во победничкиот тим најдобар беше Џими батлер со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.