Американската компанија во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор за изгардба на својот прв небодер во Австралија вреден 1,5 милијарди австралијански долари или 900 милиони американски долари.

Станува збор за небодер од 91 спрат кој треба да стане највисоката зграда во Австралија во сојузната држава Квинсленд, во познатиот туристички регион Суферс парадајз.

Проектот што го развива австралиската групација Алтус ќе опфаќа хотел и ризорт со шест ѕвездички, 270 апартмани, продавници, базен и клуб за плажа, пренесува Ројтерс.

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.