Компанијата Мета мора да плати 375 милиони долари казна откако поротата во американската држава Њу Мексико утврди дека компанијата ги мамела потрошувачите за безбедноста на своите платформи и овозможила штета на корисниците, вклучувајќи и сексуална експлоатација на деца.

Како што соопшти канцеларијата на државниот обвинител, пресудата претставува прво судење во кое Мета е прогласена за одговорна за дела направени на нејзините платформи, пренесе Гардијан.

Државниот обвинител Раул Торез ја оцени одлуката на поротата како „историска победа“ за децата и семејствата, наведувајќи дека раководителите на компанијата знаеле за штетните последици на своите производи, но ги игнорирале предупредувањата и ја мамела јавноста.

Слични новости

Бугарија целосно премина на евро

. Од 1 февруари, бугарскиот лев замина во историјата, а еврото стана единственото законско средство за плаќање во земјата, со што заврши и едномесечниот преоден период во кој двете валути истовремено циркулираа во прометот.