Американската технолошка компанија Мета денеска објави дека американската јужна сојузна држава Луизијана ќе го гради својот најголем центар за податоци, а се очекува во овој проект вреден 10 милијарди долари да бидат ангажирани над 5.000 изведувачи на градежни работи.

Гувернерот на Луизијана Џеф ландри смета дека најавената изградба е добра вест за економијата на економски помалку развиениот дел на Америка, а еколошките групи изразија загриженост поради тоа што новиот центар за податоци ќе работи на фосилни горива.

Се очекува објектот од дури 370.000 квадратни метри да биде отворен 20230. Мета планира да инвестира околу 200 милиони долари воподобрување на патната и водоводната инфраструктура на свероситочна Луизијана, за да ја надомести високата потрошувачка на вода. 

Министерството за трговија на САД смета дека во земјата нема доволно центри на податоци кои би ја задоволиле растечката потреба за вештачката интелигенција, а се смета дека побарувачката за такви објекти ќе расте за 9 насто годишно.

Старт ап компанијата на Илон Маск исто така најави натамошно вложувања на југот од САД, затоа што планира да го прошири својот проект за суперкомпјутери во сојузната држава Тенеси. 

Слични новости

Објавена листата на најпоставуваните прашања на асистентот за вештачка интелигенција на Amazon

Објавена листата на најпоставуваните прашања на асистентот за вештачка интелигенција на Amazon

Информациите за висината на Тејлор Свифт, вредноста на биткоинот и за социјалните мрежи на инфлуенсерот MrBeast биле меѓу најчесто поставуваните прашања за Alexa виртуелната асистентка на Amazon во Обединетото Кралство во 2024 година