
Француската компанија Ер Франс- КЛМ планира да учествува во процесот на приватизација на португалската државна авиокомпанија ТАП, пренесе денеска Блумберг.
Се наведува дека португалската влада ја разгледува можноста да продаде најмалку 49 насто од акциите на ТАП, а Ер Франс-КЛМ е заинтересиран да откупи удел.
Извршниот директор на Ер Франс -КЛМ Бен Смит изјави дека неговата компанија е подготвена „да ја претстави кандидатурата во процесот на приватизација на ТАП“.
Португалскиот авиопревозник е најголем европски провајдер на воздушни врски со Бразил, а Ер Франс би ги задржал брендот ТАП и Лисабон како база на компанијата.
Слични новости
BMW очекува царински трошоци од милијарда евра
Царинити ќе го чинат BMW милијарда евра оваа година, изјави во петокот извршниот директор на германскиот производител на луксузни автомобили Оливер Зипсе, наведувајќи ги трошоците за европските царини за електричните автомобили од кинеско производство и американските царини за увоз на челик и алуминиум
Златото над 3.000 долари
Цените на златото првпат надминаа 3.000 долари во петокот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на трговски тензии и намалување на каматните стапки
Внимателно тргување на берзите во Европа и Азија
На европските берзи во петокот претпладнето се тргува претпазливо, како и претходните денови, бидејќи инвеститорите се загрижени за царинската војна меѓу САД и Европската унија, додека индексите се на пат да остварат седмични загуби