Американската компанија „Волт Дизни“ потврди дека ќе отпушти уште неколку стотици вработени во компанијата и покрај тоа што неодамна објавените резултати за првиот квартал во 2025 укажуваат на солиден раст на приходите.

Во соопштението Дизни порача дека индустријата брзо се трансформира и дека Дизни мора ефикасно да управува со работењето за да го задржи нивото на иновации. Отказите ќе ги добијат вработените во секторите на филмот, телевизијата и финансиите.

Во сопственост на Дизни се и компаниите Марвел, Хулу и ЕСПН, Приходите на Дизни во првиот квартал на 2025 изнесуваат 23,6 милијарди долари, што е за седум насто повеќе во однос на претходното тромесечје. Главниот двигател на растот на приходите е приливот на нови корисници на стриминг платформата „Дизни плус“.

 

Слични новости

На Американскиот Блек-филм фестивал се очекува премиерата на „добриот шут“ продуциран од кошаркарот Стеф Кари

На Американскиот Блек-филм фестивал се очекува премиерата на „добриот шут“ продуциран од кошаркарот Стеф Кари

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс и најдобриот шутер на тројки на сите времиња Стеф Кари, месецов ќе се појави и во улога на филмаџија, затоа што е продуцент на документарниот фил „Добриот шут“.

Украдени клучни инструменти на рок бендот „Харт“ во Атлантик сити

Украдени клучни инструменти на рок бендот „Харт“ во Атлантик сити

Членовите на поплуларнара рок група Харт која имаше и номинации за Греми пријавија дека им се украдени два скапоцени инструменти во Атлантик сити, додека се подготвувале за настап во Хард Рок Хотелот во градот за време на нивната турнеја.