Судиите Данка Ристова, Антоанета Димовска и Татјана Чачарова Илиевска се тројцата членови на Комисијата што е формирана од страна на Судскиот совет, а која во рамки на своите надлежности треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката Даниела Алексовска-Стојановска од Основниот кривичен суд Скопје која за Васил Јованов, пресудила воспитно поправна мерка – упатување во поправен дом за малолетници за поседување и продажба на наркотички средства.
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека Комисијата треба внимателно да постапува.

„Треба внимателно да постапува Комисијата, да не створи притисок врз апелационите судови бидејќи тие нормално треба да одлучат по таа првостепена пресуда. Ако е добра ќе ја потврдат. Ако сметаат дека не е во ред, дека постојат одредени повреди на постапката, ќе ја укинат или можеби ќе ја преиначат. Затоа треба Комисијата внимателно да изврши увид и откако ќе заврши со увидот, ќе направи свој извештај. Ќе се постапува паралелно. Меѓутоа, убаво би било да внимаваме бидејќи не сакаме да почувствува Апелациониот суд некаков притисок од наша страна. Доволен е притисокот што веќе го има од јавноста врз тој суд“, изјави Камбовски, по седницата на Судскиот совет.
Пресудата за ова кривично дело против Јованов сѐе уште не е правосилна, бидејќи Апелациониот суд сѐ уште се нема произнесено по жалбената постапка.
Васил Јованов е момчето кое ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје и кој се товари дека тоа го сторил со умисла затоа што возел без возачка дозвола, поминувајќи на црвено светло и под дејство на алкохол.
Слични новости
Објавен огласот за прием на 300 професионални војници за служба во АРМ
Министерството за одбрана на Република Македонија објави оглас за прием на 300 за прием на 300 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија
Антикорупциска отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси, изјавија кусо од ДКСК за МИА.
Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија