Викендов во Премиер лигата се игра големото лондонско дерби Челси-Арсенал, кое воедно е дуел на првиот и вториот тим на табелата.

Менаџерот на Челси Енцо Мареска пред натпреварот изјави дека е среќен што може да соопшти дека по двомесечна пауза поради повреда на теренот се враќа играчот за врска на Челси Кол Палмер.

Арсенал и Челси се во одлична форма пред дербито в недела. Арсенал кој е убедливо прв во премиер лигата во средата го победи Барен Минхен во Лигата на шампионите со 3:1, а Челси ја победи Барцелона со 3:0.

Лондонското дерби Челси-Арсенал секогаш прилекува големо внимание во Лондон, а ривлаството особено се зголеми во ерата кога сопственик на Челси беше Роман Абрамович. 

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа