Викендов повторно е зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини. На граничниот премин Табановце за влез и излез од Македонија се чека околу 40 минути.

На граничниот премин Богородица кон Грција за излез од Македонија се чека околу еден час, инфромираат од АМСМ.

На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Слични новости

Колони возила на Богородица

Колони возила на Богородица

На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.