На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.
Од пладне големи гужви се создадоа и за излез од Грција и влез во Македонија. Се чека околу два часа.
Според АМСМ на другите гранични премини од македонска страна нема поголеми гужви.
Слични новости
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.
