Колекција на починатиот легендарен гитарист Џеф Бек од 130 гитари, беше продадена за 10, 6 милиони евра на аукција во Лондон. Неговата гитара Лес Пол од 1954 наречена „Oxblood“ беше продадена за 1,18 милиони евра, пренесе порталот Гитар. Ком. На аукцијата во Кристи беа 130 гитари, разни појачала и друга гитарска опрема.

Џеф Бек беше еден од гитаристите на славниот рок бенд Јардбирдс во кој свиреа и Ерик Клептон и Џими Пејџ. Тој беше постојано рангиран како еден од најдобрите пет гитаристи во светот, а беше нарекуван „гитарист на гитаристите“.

Џеф Бек беше примен во куќата на славните на рокот два пати: Еднаш во 2009 како член на Јардбирс, а потоа во 2009 како соло артист.

Слични новости

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес