Добитникот на Оскар за споредна машка улога Киеран Калкин се враќа на Бродвеј каде што игра во претставата „Гленгари Глен Роуз“, а летоска веројатно ќе игра во третото продолжение на Дина заедно со Тимоти Шаламе, кој беше номиниран за „Целосно непознат“. Претходно Шаламе ќе го гледаме во филмот на Џош Сафди „Марти Саприм“ каде што игра пингпонгар.

Ралф Фајнс кој беше номиниран за „Конклава“ ќе игра во филмот 28 години подоцна на Дени Бојл, а се очекува да глуми во филмот „The Choral“ класична драма од Првата светска војна.

Гај Пирс од Бруталист е најавено дека ќе игра во новиот филм на Ридли Скот „ On the dog stars“ заедно со Џош Бролин, а исто така ќе игра во новиот проект на Нетфликс „Жената во кабината 10“ заедно со Кира Најтли.

Слични новости

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ден Стивенс игра во новата хит серија на Нетфликс Zero Day, политички трилер во која го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.