Гласачите во Хрватска годинава трет пат ќе излезат на гласачките места, по парламентарните избори во април и европските избори во јуни, во недела нешто повеќе од 3,5 милиони луѓе ќе го избираат идниот претседател на Хрватска.
На осмите претседателски избори откако Хрватска прогласи независност ќе има осум имиња на гласачкиот список. Според проценките, ниту еден од кандидатите нема да може да смета на победа во првиот круг од гласањето. Доколку ниту еден од кандидатите не го освои мнозинството гласови од оние што ќе излезат на гласачките места, за две недели ќе има втор круг од претседателските избори.
Во вториот круг, како и на изборите во 2019, би можеле да се најдат кандидатите на двете најголеми ривалски партии -актуелниот претседател Зоран Милановиќ од Социјалдемократската партија (СДП) и Драган Приморац од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), покажуваат предизборните анкети.

Овластувањата на претседателот на Хрватска не се големи, но функцијата има симболично значење, ја претставува земјата во странство , претседателот е врховен командант на оружените сили, распишува избори за Хрватскиот сабор и референдуми, и ја дели извршната власт со владата.
Доколку има втор круг на избори, како што се претпоставува, тие ќе бидат одржани на 12 јануари.
На ливчето за претседател е Миро Буљ, актуелен градоначаник на Сињ во Далмација, познат по десничарските ставови. Тој е кандидат на конзервативната десна коалиција Мост, а за себе вели дека е човек од народот што ќе ги заштити работниците, пензионерите и сиромашните.
Познат е по извикување на усташкиот поздрав „За дом спремни“ во саборот и предложи на сите пратеници во црногорскиот парламент што гласаа за Резолуцијата за геноцид во логорите Јасеновац, Дахау и Матхаузен да им се забрани влез во Хрватска.
Томислав Јоњиќ, историчар, некогашен дипломат е независен кандидат, иако е близок со националистичката ХСП. Ветува дека ко биде избран ќе се спротивстави на „тоталитарниот, југословенскиот и глобалистичкиот дух“.
Ивана Кекин е психијатар, која е кандидатка на зелено-левата партија „Можеме“, а настапува под слоганот „Претседателка на новата генерација“. Нејзината партија Можеме од 2021 управува со Загреб, а на парламентарните избори освои 9 насто од гласовите.
Бранка Лозо е уште една кандидатка на екстремната десница која во програмата има зацртано да го прогласи контроверзниот хрватски надбикусп Алојз Степинец за светец. Таа се залага и за изградба на спомен -дом на жртвите на комунизмот.
Марија Селак Распудиќ е независен кандидат, поранешна новинарка која се залага за зајакнување на овластувањата на претседателот, вклучувајќи и право на вето. Таа стана пратеничка на десната коалиција Мост, но во 2024 го напушти Мост и оттогаш настапува како независна пратеничка.
Нико Токиќ-Картело е независен кандидат кој смета дека Хрватска треба да води суверенистичка политика која ќе и обезбеди достојно место во ЕУ и НАТО. Има најслаб рејтинг од актуелните кандидати.

Драган Приморац заедно со Зоран МИлановиќ е главен фаворит за влез во вториот круг од изборите. Тој е кандидат на владејачката ХДЗ, лекар по струка и поранешен министер за образование. Тој беше кандидат за претседател и во 2009 поради што тогаш ХДЗ го исфрли од своето членство. Вели дека сака да ја направи Хрватска подобро место за живот, каде што ќе биде посигурно и го обвинува Зоран Милановиќ дека штети на угледот на земјата и дома и во странство и не му е грижа за тоа. За него положбата на Хрватите во Босна е едно од клучните прашања, како и односите со поранешните југословенски републики.
Зоран Милановиќ е актуелниот претседател на Хрватска, поддржан од СДП и неколку помали партии на левиот џентар. Соопшти дека ова му е последна политичка кампања, „Нема веќе, ова е последното танго, се надевам со стил“ порача Милановиќ. Тој на два пати како лидер на партијата ги губеше парламентарните избори, но во 2019 се врати во политиката со голем стил, победувајќи ја на претседателските избори Колинда Грабар Китановиќ.
Слични новости
Германија: Се наѕира тешко формирање влада по изборите
Непосредно пред предвремените парламентарни избори во недела, анкетите сè уште покажуваат дека Христијанско-демократската унија CDU/CSU и нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц се во водство, но резултатите покажуваат дека формирањето влада може да биде долго и напорно
Финишира изборната кампања во Германија
Веројатната победа на Христијанско-демократската унија (CDU), која ја претставува демохристијанската опција на федерално ниво, и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), сепак, ќе биде само првиот чекор во формирањето стабилна влада
Минхенската безбедносна конференција влегува во последниот ден
Минхенската безбедносна конференција го започнува својот трет и последен ден во неделата, со дискусија доминирана од насоката на новата американска администрација во украинската војна и споровите околу европското учество во мировните преговори