Во Македонија во 2016 Никола Груевски поднесе оставка на премиерската функција во рамки на потпишаниот политички договор од Пржино со кој беше предвидено формирање на преодна влада. Груевски ја напушти Македонија во 2018 по правосилна пресуда на две години затвор и побегна во Унгарија каде што доби политички азил.

Во политичкиот живот, оставката обично се нарекува „морален чин“. Во балканските држави кои се често погодени со економски и општествени кризи, оставките главно беа поднесувани „од лични причини“, поради изборни неуспеси, застој во економијата, но и поради постапки за воени злосторства.

Од 2000 година до денес, оставка на премиерското место поденесоа Молош Вучевиќ во Србија (2025), Зоран Заев Македонија (2021), Рамуш Хајрадинај Косово (2019), Миро Церар Словенија (2018) и Иво Санадер Хрватска (2009).

Во Србија е правило, а не исклучок, премиерите да не го завршуваат мандатот. Еден од најкусите го имаше Милош Вучевиќ кој во вторникот на 28 јануари поднесе оставка по нападот врз студентите во Нови Сад претходната ноќ. „Сметаме дека сме објективно одговорни за она што се случи и поднесуваме оставки“ изјави Вучиќ кој на местото премиер беше избран во мај 2024.

Во Нови Сад, родниот град на Вучевиќ, на први ноември 2024 по повеќегодишна реконструкција се урна настрешницата на железничката станица, а во несреќата загинаа 15 луѓе, што беше повод за повеќемесечни блокади и протести низ Србија. Еден ден пред да ја поднесе оставката Вучевиќ ги повика на разговор студентите и професорите за да се изнајде решение за кризата во земјата.

Претходниците на Вучевиќ, исто така имаа покус мандат од предвиденото, но најчесто поради распишување предвремени избори, кои од 200о-та година во Србија ги имаше повеќе отколку редовни. Ивица Дачиќ по две години премиерски мандат поднесе оставка во 2014 затоа што владејачката коалиција „сакаше да ја провери волјката на избирачите“ и да добие „политички легитимитет“.

Како премиер Александар Вучиќ го скуси мандатот во 2017 „поради лоша атмосфера во општеството“, но и за да се кандидира за претседател на Србија. Најдолго на премиерската функција беше Ана Брнабиќ во три мандати од 2017-до 2024, но и нејзиниот период на владеење го обележаа вонредни избори.

Во Хрватска осмиот премиер Иво Санадер поднесе оставка на премирската функција во 2009 од „лични причини“, а се повлече и од лидерското место на партијата ХДЗ. Тој прв пат беше избран за премиер во 2003. Против него беа подигнати неколку обвиненија за корупција и се водеа пет правни процеси. Во три од нив беше осуден на 18 години затвор и беше упасен во Австрија по меѓународна потерница. Едно од обвиненијата беше дека примил мито од 10 милиони евра од унгарската нафтена компанија МОЛ.

Во Македонија во 2016 Никола Груевски поднесе оставка на премиерската функција во рамки на потпишаниот политички договор од Пржино со кој беше предвидено формирање на преодна влада. Груевски ја напушти Македонија во 2018 по правосилна пресуда на две години затвор и побегна во Унгарија каде што доби политички азил.

Неговиот наследник на премиерското место Зоран Заев поднесе оставка во 2021 по поразот на неговата партија СДСМ на локалните избори. „Ја преземам одговорноста за поразот на локалните избори и поднесувам оставка на функциите премиер и претседател на СДСМ“, изјави Заев, по поразот на локалните избори.

На Косово по повикот да се појави пред Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, Рамуш Хајрадинај поднесе оставка на функцијата претседател на владата во 2019. Хајрадинај поранешен командант на ОВК за време на судирот 1998-1999 рече дека е повикан да се појави пред судот во својство на обвинет поради што поднесе оставка.

Тоа беше втор пат да поднесува оставка по март 2005 кога се предаде на Меѓународниот суд во Хаг, кој против него водеше процес, но по седум години беше ослободен од обвиненијата. На претстојните избори на Косово на 9 февруари, тој се кандидира за трет премиерски мандат.

Би Би Си

 

Слични новости