Доминантните елити на новиот Запад немаат никаква корист од системот на вредности од минатиот век. Слободната трговија, антимонополските правила, нултата емисија, демократијата, отвореноста кон миграциите, разновидноста, човековите права и Меѓународниот суд се третираат си ист презир како што Америка ги третираше латиноамериканските диктатори кога ќе им истечеше рокот на употреба.

Шаренолика група на центристички усмерени коментатори во Европа и на глобалниот југ, верува дека западот е на слегувачка патека, особено по победата на Доналд Трамп на изборите во САД. Се разбира, никогаш немало толку голема моќ сконцентрирана во рацете на толку мал број на луѓе како што е денеска случај со западот. Но, можеби токму тоа значи дека моќта на западот е осудена на пропаст?

Во Европа постојат добри причини, приказната за падот да биде прифатена. Исто како што и Римското царство ја премести престолнината во Константинопол, препуштајќи им го Рим на варварите, за да ја продолжи хегемонијата за уште еден милениум, така и тежиштето на западот се помести кон САД, додека Британија и Европа се препуштени на стагнација која ги прави инертни, заостанати и се помалку важни.

Но постои и една подлабока причина за лошо расположение. Тоа е склоноста опаѓањето на посветеноста на западот кон сопствениот систем на вредности (универзалните човекови права, разновидноста и отвореноста) да се меша со процесот на залезот на западниот дел од светот.

Западот се обидува да ја заштити својата моќ со отфрлање на вредностите кои во 20 век му обезбедуваа надмоќ, но во 21 век веќе не можат да и служат на истата цел.

Демократијата никогаш не била предуслов за успонот на капитализамот. Истото важи и за она што денеска го нарекуваме западен систем на вредности. Моќта на западот не е изградена врз хуманистички начела, туку врз брутална експлоатација, трговија со робје и опиум и многубројни геноциди извршени во Америка, Африка и Австралија.

Во периодот на зенитот, западната моќ во прекуморските земји немаше никакви ограничувања. Европа испраќаше во светот милиони населеници да покорат други народи и да ги искористат нивните ресурси. Претварајќи се дека домородците на кои наидуваат всушност и не се човечки битија, можеа да ја прогласат нивната земја за terra nullius, територија за населениците, што беше првиот чин на секој геноцид од Америка. Африка и Австралија.

Но, иако неприкосновена во прекуморските делови од светот, западната моќ дома се соочуваше со предизвиците на потлачените пониски класи кои се бунеа поради економските кризи и недостапноста на добрата произведени во фабриките, кои им припаѓаа само на малубројни. Судирите се прелија во големи судири на западните сили кои се натпреваруваа за пазари, што кулминираше со избувнувањето на две Светски војни.

Западните елити, потоа, беа принудени да извршат одредени отстапки. Дома се согласија на јавно образование и здравствен и пензиски систем. На меѓународната сцена, бесот предизвикан од суровите војни и геноцидите имаше за резултат деколонизација, универзална декларација за човековите права и меѓународни кривични судови.

Но, уприпастувањето на животните изгледи на луѓето во долната половина на доходовната дистибуција и предавањето на нашите умови на капиталот во облак во сопственост на големите технолошки компании, роди нов Запад, чии доминантни елити немаат никаква корист од системот на вредности од минатиот век. Слободната трговија, антимонополските правила, нултата емисија, демократијата, отвореноста кон миграциите, разновидноста, човековите права и Меѓународниот суд се третираат си ист презир како што Америка ги третираше латиноамериканските диктатори кога ќе им истечеше рокот на употреба.

Европа е немоќна поради неспособоста да ја федерализира политичката моќ, откако ги федерализира своите пари, додека светот во развој никогаш не бил позадолжен. Единствено Кина има доволно сила да му застане на пат на западот. Но, иронијата е во тоа што Кина не сака да биде хегемон. Се што сака Кина е непречено да ја продава својата стока.

Но, западот е уверен дека Кина му е смртен непријател. Западот се обидува да ја принуди Кина да се одважи и да направи предизвик со претворање на БРИКС во нешто слично на Бретон Вудс, овој пат со јуанот во улога на доларот.

Западот во 2024 продолжи да зајакнува. Но, со пропаѓањето на западниот систем на вредности, зајакна и неговата решеност да придонесе кон сопствениот пад.

Јанис Варуфакис

Проџект Синдикејт

Слични новости

Германија: Се наѕира тешко формирање влада по изборите

Германија: Се наѕира тешко формирање влада по изборите

Непосредно пред предвремените парламентарни избори во недела, анкетите сè уште покажуваат дека Христијанско-демократската унија CDU/CSU и нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц се во водство, но резултатите покажуваат дека формирањето влада може да биде долго и напорно

Финишира изборната кампања во Германија

Финишира изборната кампања во Германија

Веројатната победа на Христијанско-демократската унија (CDU), која ја претставува демохристијанската опција на федерално ниво, и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), сепак, ќе биде само првиот чекор во формирањето стабилна влада

Минхенската безбедносна конференција влегува во последниот ден

Минхенската безбедносна конференција влегува во последниот ден

Минхенската безбедносна конференција го започнува својот трет и последен ден во неделата, со дискусија доминирана од насоката на новата американска администрација во украинската војна и споровите околу европското учество во мировните преговори