Фудбалерите на Ковентри изборија пласман во Премиер лигата за прв пат по 25 години, откако синоќа на гости одиграа нерешено против Блекбурн 1:1, и така направија недостижна предност во однос на третопласираниот Милвол.
Блекбурн водеше од 54 минута со голот на Моришита, а Боби Томас во 84 минута му донесе реми на Ковентри и пласман во Премиер лигата.
Екипата што ја предводи менаџерот Френк Лампард е водечка во Чемпионшип со 86 бода, Ипсвич има 75, а на третото место е Милвол со 73.
Слични новости
Кошаркарите на Њујорк по 27 години во финалето на НБА лигата
Кошаркарите на Њујорк до финалето на НБА стигнаа по 27 госини со „метла“, односно го „исчистија“ Кливленд со 4:0 без да загубат ниту еден меч во финалето на Истокот.
Финалисти на фајнал форот во Атина Реал Мадрид и Олипијакос
Кошаркарите на Реал Мадрид и на Олимпијакос ќе играат во големото финале на кошаркарската Евролига во недела во 20 часот во Атина, откако во полуфиналните мечеви беа подобри од Фенербахче, односно Валенсија.
Студентите во Србија организираат нов протест за демократизација на Србија и вонредни избори
Студентите во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.


