Фудбалерите на Ковентри изборија пласман во Премиер лигата за прв пат по 25 години, откако синоќа на гости одиграа нерешено против Блекбурн 1:1, и така направија недостижна предност во однос на третопласираниот Милвол.

Блекбурн водеше од 54 минута со голот на Моришита, а Боби Томас во 84 минута му донесе реми на Ковентри и пласман во Премиер лигата.

Екипата што ја предводи менаџерот Френк Лампард е водечка во Чемпионшип со 86 бода, Ипсвич има 75, а на третото место е Милвол со 73.  

Слични новости

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Искусниот италијански тренер Мауруцио Сари ја оконча соработката со Лацио, само една година откако беше поставен за шеф на стручниот штаб на тимот од Рим.