Фудбалерите на Ковентри изборија пласман во Премиер лигата за прв пат по 25 години, откако синоќа на гости одиграа нерешено против Блекбурн 1:1, и така направија недостижна предност во однос на третопласираниот Милвол.
Блекбурн водеше од 54 минута со голот на Моришита, а Боби Томас во 84 минута му донесе реми на Ковентри и пласман во Премиер лигата.
Екипата што ја предводи менаџерот Френк Лампард е водечка во Чемпионшип со 86 бода, Ипсвич има 75, а на третото место е Милвол со 73.
Слични новости
Денеска полуфиналните натпревари во Европското пренство во ракомет
Во првото полуфинале играат Хрватска и Германија., а во второто Светскиот шампион Данска против Исланд.
Доминација на англиските клубови во Лигата на шампионите
По завршувањето на првата фаза од Лигата на шамионите, „боде очи“ фактот дека меѓу првите 8 клубови кои обезбедија директен пласман во осминафиналето, дури 5 се од Премиер лигата.
Арина Сабаленка по четврт пат во финалето на Австралија опен
Најдобрата тенисерка во светот Арина Сабаленка се пласираше во финалето на Австралија опен, откако во полуфиналето ја победи Украинката Елина Свотилина со 6:2 и 6:3.