Фудбалерите на Ковентри изборија пласман во Премиер лигата за прв пат по 25 години, откако синоќа на гости одиграа нерешено против Блекбурн 1:1, и така направија недостижна предност во однос на третопласираниот Милвол.
Блекбурн водеше од 54 минута со голот на Моришита, а Боби Томас во 84 минута му донесе реми на Ковентри и пласман во Премиер лигата.
Екипата што ја предводи менаџерот Френк Лампард е водечка во Чемпионшип со 86 бода, Ипсвич има 75, а на третото место е Милвол со 73.
Слични новости
Упамекано останува во Баерн Минхен до 2030
Францускиот фудбалер Дајо Упамекано го продолжи договорот со Барен од Минхен до 30 јуни 2030-татата година, соопшти клубот од Баварија.
Крис Пол ја заврши НБА кариерата на 40 години
Торонто Рапторс го отпуштија Крис Пол, јавија американските медиуми и со тоа ја завршија големата кариера на еден од најдобрите плејмејкери во НБА во своето време.
Нов трипл-дабл на Јокиќ за Денвер
Јокиќ постигна 26 коша, 15 скокови и 11 асистенции и сезонава на 39 одиграни натпревари има 20 трипл-даблови.


