Фудбалерите на Ковентри изборија пласман во Премиер лигата за прв пат по 25 години, откако синоќа на гости одиграа нерешено против Блекбурн 1:1, и така направија недостижна предност во однос на третопласираниот Милвол.
Блекбурн водеше од 54 минута со голот на Моришита, а Боби Томас во 84 минута му донесе реми на Ковентри и пласман во Премиер лигата.
Екипата што ја предводи менаџерот Френк Лампард е водечка во Чемпионшип со 86 бода, Ипсвич има 75, а на третото место е Милвол со 73.
Слични новости
Камерон Пејн заминува од Партизан и се враќа во НБА лигата во Филаделфија
Српските медиуми објавуваат дека Партизан ќе добие обештетување од 1.750.000 долари за трансферот на Камерон Пејн.
Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот
Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.
Кошаркарот на Сакраменто Зек Лавин поради повреда нема да игра до крајот на сезоната
Лавин ја оперирал десната рака и нема да се опорави до крајот на сезоната.
Американскиот кошаркар сезонава во НБА имаше просек од 19,8 коша, 2,8 скокови и 2,3 асистенции по натпревар.


