Фудбалерите на Ковентри изборија пласман во Премиер лигата за прв пат по 25 години, откако синоќа на гости одиграа нерешено против Блекбурн 1:1, и така направија недостижна предност во однос на третопласираниот Милвол.

Блекбурн водеше од 54 минута со голот на Моришита, а Боби Томас во 84 минута му донесе реми на Ковентри и пласман во Премиер лигата.

Екипата што ја предводи менаџерот Френк Лампард е водечка во Чемпионшип со 86 бода, Ипсвич има 75, а на третото место е Милвол со 73.  

Слични новости

Босна и Херцеговина во финалето на баражот за пласмна на Светското првенство

Босна и Херцеговина во финалето на баражот за пласмна на Светското првенство

Фудбалерите на Босна и Херцеговина ќе играат во финалето на баражот за пласман на Светското првенство, откако синоќа во Кардиф го елиминираа Велс на пенали. По регуларниот тек и продолженијата резултатот беше 1:1.

Македонија вечерва во Копенхаген игра бараж против Данска

Македонија вечерва во Копенхаген игра бараж против Данска

Вечерва, со почеток од 20:45 часот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, македонската фудбалска репрезентација ќе го игра еден од најважните натпревари во својата историја полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство против Данска.