Фудбалерите на Ковентри изборија пласман во Премиер лигата за прв пат по 25 години, откако синоќа на гости одиграа нерешено против Блекбурн 1:1, и така направија недостижна предност во однос на третопласираниот Милвол.

Блекбурн водеше од 54 минута со голот на Моришита, а Боби Томас во 84 минута му донесе реми на Ковентри и пласман во Премиер лигата.

Екипата што ја предводи менаџерот Френк Лампард е водечка во Чемпионшип со 86 бода, Ипсвич има 75, а на третото место е Милвол со 73.  

Слични новости

Де Зерби подготвен да го преземе Тотенхем

Де Зерби подготвен да го преземе Тотенхем

Скај Италија објави дека Тотенхем е спремен да му понуди на Де Зерби петгодишен договор со што јасно сакаат да стават на знаење дека го гледаат како долгорочно решение.

Лејкерси без проблеми со слабите Нетс, нова техничка на Дончиќ

Лејкерси без проблеми со слабите Нетс, нова техничка на Дончиќ

Најефикасен кај Лејкерс беше првиот стрелец на НБА лигата Лука Дончиќ кој постигна 41 кош, но ја заработи и 16-тата техничка грешка, поради која нема да може да игра на следниот натпревар на Лејкерс против Вашингтон.