Фудбалерите на Ковентри синоќа на свој терен го победија Њукасл со 4:1 во последниот натпревар од шестото коло на Премиер лигата. Домаќините победоа уште во шестата минута со голот на Џек Рудони од пенал, а Сидики Шериф во удвои водствто на домаќинот на почетокот на второто полувреме.
Свен Ботман во 70-тата минута намали на 2:1, но потоа Ковентри дојде до убедлива победа со головите на Елис Симс во 81-та и Стивен Мфани во 86-тата минута од мечот.
Њукасл е на 11-тото место на табелата на Премиер лигата со 8 бодови, додека Ковентри е на 14-тото место со шест. Води Манчестер сити со шест победи од шест натпревари, пред ланскиот шампион Арсенал.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
