Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев, инсистирал на итно усвојување на промените во Законот за бугарско државјанство за време на дискусија со бугарските новинари во Брисел.

Сегашниот закон за бугарско државјанство е нелогичен и не функционира за легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија, посочил Ковачев, по што повикал преку тамошните медиуми дека Законот мора многу итно да се промени.

„Законот во моментов е нелогичен. Законот за бугарско државјанство мора многу итно да се промени, а сега ќе ве замолам да го пренесете до сите членови на бугарскиот Парламент и до министерот за правда“.

Нацрт-законот предвидува дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство да станат јавни и да биде очигледно дека се идентификувале како етнички Бугари.

-Ова ќе потврди и колку е голема бугарската заедница во Република Северна Македонија, кои имаат бугарски документи за идентификација, истакнал Ковачев.

„Има Јавен регистар во Министерството за правда со ограничен број податоци за името и местото на живеење на засегнати лица кое побарале бугарско државјанство и го добиле. Тие се 170-180 илјади од Македонија, а во моментов веројатно има над 15-20 илјади кои се обработуваат.

Слични новости

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски