Од Коалицијата Вреди велат дека се усогласени новите министерски позиции, по изборот на Изет Меџити за градоначалник во скопската општон Чаир, додека од Владата велат дека до нив сѐ уште нема доставено предлог и очекуваат, како што денеска кажа премиерот Христијан Мицкоски, тоа да се случи најдоцна до понеделник.
Според извори во коалицијата Вреди, Беким Сали ќе биде кандидат за функцијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за ресорот животна средина, додека Башким Бакиу ќе биде предложен за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу. Алиу, пак, треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации.
Актуелниот министер за евроинтеграции Орхан Муртезани е номиниран за амбасадор во Брисел.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите кажа дека очекува имињата на новите функционери, Вреди до него да ги достави в понеделник, откако ќе бидат искристализирани, но, дополни дека тоа се оние имиња, кои горе долу циркулираат во јавноста.
„Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер“, изјави Мицкоски.
Слични новости
Мајките на жртвите од „Пулс“ со транспарент дека постои вина за загубени 63 млади животи
Тие пред судницата поставија транспарент на кој се 63 те жртви како потесетување за големата трагедија и згаснатите животи.
Скопје во црвена зона на загаденост
Најнезадрав за дишење е воздухот во Центар каде што индексот на загаденост е 164 што е во категоријата нездраво, а потоа следува Карпош со 128.
Пратеничката група на СДСМ не е опфатена со партиската чистка
Партиската чистка на раководството и Извршниот одбор нема да ја зафати и пратеничката група на СДСМ. Филипче нема да бара враќање на пратеничките мандати, затоа што смета дека тие се искусни професионалци кои се добар репрезент на партијата во Собранието.


