За два дена книгата на Тејлор Свифт „Ерата“ стана најпродавана во САД и има најголема заработка по нејзиното објавување за 2024 година. Книгата, која продаде 814 000 копии првиот викенд чини 40 долари, а голем дел од нејзините фанови се жалат дека таа содржи голем број на печатни грешки.
Единствената книга со подобра продажба во првиот викенд се претседателските мемоари на Барак Обама кои во 2020 во првиот викенд стигнаа до бројка на продажба од 816.000 копии.
Документарниот филм „Ерите“ на Тејлор Свифт претходно заработи над 200 милиони долари на Бокс офисот и стана најгледаниот концертен филм во историјата.
Слични новости
Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“
Сер Елтон Џон е прогласен за икона на годината на магазинот „Тајм“ за 2024 со што е овековечено неговото шестдецениско патување низ музичката индустрија. Признанието не го одразува само неговото трајно влијание во музиката, туку и придонесот кон филантропијата и активизмот.
Грета Гервиг разработува идеја за продолжение на Барби
Холивудските медиуми јавуваат дека Грета Гервиг заедно со косценаристката Ноа Баумбах имаат сторија за продолжението на филмот која веќе ја однеле и ја презентирале во студиото Ворнер Брос.
„Ловецот Кравен“ ја имаше најслабата премиера на филм базиран на стрип херој на Марвел
На американскиот Бокс офис трета недела по ред доминираат Моана 2 и Викед, додека филмот на Сони „Ловецот Кравен“, базиран на лик од стрип јунаците на Марвел е на третото место со само 11 милиони долари заработка во премиерниот викенд