Италијанскиот второлигашки клуб Јуве Стабија, со седиште во Кастеламаре ди Стабија во близина на Неапол, е ставен под судска администрација поради можна вмешаност на мафијата во неговото работење, објавија италијанските обвинители и полицијата.
Неаполската мафијашка групација Камора има корени токму во Кастеламаре ди Стабија, а италијанските обвинители изјавија дека обемната истрага „открила систем сличен на мафијашкиот стил во економските активности на клубот“.
Сегашната сопственичка структура на клубот „ги наследула долгогодишни економски врски кои биле предмет на влијание на мафијата од самиот почеток и не воспоставила соодветни контроли и заштитни мерки како одговор“.
Компанијата „Brera Holdings“ со седиште во Ирска, купи 52 отсто од клубот во јуни оваа година.
Обвинителството тврди дека Камора ја контролирала продажбата на влезници, доставата на храна, облеката и обувките, медицинската грижа за играчите, па дури и патните трошоци на првиот тим.
„Играчите само требало да играат, Камора ја преземала грижата за сè друго“, рече обвинителот од Неапол, Никола Гратери.
Затоа, задачата на судската администрација ќе биде да ја врати легалноста и транспарентноста на менаџментот и да го врати клубот во состојба на независност од мешање на мафијата.
Минатиот месец, судска администрација беше воведена и врз клубот од третата лига Кротоне во јужниот регион Калабрија, исто така, поради сомневања за инфилтрирање на организиран криминал.
Слични новости
Слот пред заминување од „Енфилд“
Ден по тешкиот пораз од 1:4 на домашен терен од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, англискиот фудбалски великан Ливерпул одржа кризен состанок на раководството на клубот
Нејмар протиб мислењето на лекарите, се враќа на теренот
Бразилскиот фудбалер Нејмар се врати на тренинзите со својот Сантос, иако лекарите препорачаа да се одмора само откако го повреди левото колено
Нова победа на Тандер, заврши победничката серија на Детроит
Оклахома Сити Тандер ги победија Минесота Тимбервулвс со 113:105 синоќа на домашен терен во НБА Купот во Западната Група А, а Шаи Гилџеус-Александер ги предводеше до славјето со 40 поени


