Лос Анџелес Клиперс го победија тимот на Мемфис Гризлис со 128:108 во борбата за учество во плеј офот во западната конференција. Во тимот на Клиперс најдобар беше Џејмс Харден со 30 коша и девет асистенции, Каваи Ленард постигна 23, Ивица Зубац 17, а Богдан Богдановиќ 16 коша.

Кај екипата на Мемфис која настапи без најдобриот играч Џа Морант, најефикасен беше Џерен Џексон со 23 поени, Санти Алдама постигна 16, а Лук Кенрад 15.

Дени Авдија го предводеше Портланд кон убедливата победа против Денвер кој играше ослабен без Никола Јокиќ. Авдија постигна 36 коша, а Шедон Шарп 23.

Кај Денвер најефикасен беше Арон Гордон со 23, Расел Ветсбрук постигна 18, а Мајкл Портер 17.  

Слични новости

Мексико побеник на турнирот КОНКАКАФ

Мексико побеник на турнирот КОНКАКАФ

Мексико ја совлада Панама со 2:1 во финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ во Инглвуд во неделата, а победата ја обезбеди двојниот стрелец Раул Хименез