
Лос Анџелес Клиперс го победија тимот на Мемфис Гризлис со 128:108 во борбата за учество во плеј офот во западната конференција. Во тимот на Клиперс најдобар беше Џејмс Харден со 30 коша и девет асистенции, Каваи Ленард постигна 23, Ивица Зубац 17, а Богдан Богдановиќ 16 коша.
Кај екипата на Мемфис која настапи без најдобриот играч Џа Морант, најефикасен беше Џерен Џексон со 23 поени, Санти Алдама постигна 16, а Лук Кенрад 15.
Дени Авдија го предводеше Портланд кон убедливата победа против Денвер кој играше ослабен без Никола Јокиќ. Авдија постигна 36 коша, а Шедон Шарп 23.
Кај Денвер најефикасен беше Арон Гордон со 23, Расел Ветсбрук постигна 18, а Мајкл Портер 17.
Слични новости
Србија, Грција и Турција во елитната класа на Лигата на нации
Фудбалските репрезентации на Србија, Грција и Турција се пласираа во елитната дивизија од Лигата на нации, откако успешно го завршија плејофот
Игор Тудор го презема Јувентус
Хрватскиот фудбалски стручњак Игор Тудор е новиот тренер на Јувентус, објавија италијанскиот фудбалски гигант
ГП Кина: Дисквалификуван тандемот на Ферари, Леклер и Хамилтон без бодови
Возачите на Ферари, Шарлс Леклер и Луис Хамилтон, кои завршија на петтото и шестото место на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај, беа дисквалификувани откако стјуардите откриле неправилности во нивните болиди