Екипата на Лос Анџелес Клиперс победи во неизвесна и возбудлива завршница на мечот со Голден Стејт Вориорс 102:99. Најефикасен поединец во екипата на Клиперс беше Норман Пауел со 23 коша, а хрватскиот центар Ивица Зубац доминираше под обрачите со 17 скокови.
Кај Голден Стејт најефикасни беа Стеф Кари со 26 и Ендрју Вигинс со 22 коша. По овој пораз Голден Стејт падна на второто место на западната конференција, а водечки е тимот на Оклахома.
Во неизвесна завршница победи и тимот на Милвоки против Хјустон со 101:100, со кош во последната секунда на ветеранот Демиан Лилард. Лилард кој имаше лоша шутерска вечер и не погоди ниту една тројка од шесте обиди, сепак им ја донесе победата на Бакси на крајот од мечот.
Најефикасен кај Милвоки Бакс беше Брук Лопез со 27 коша, а Јанис Адетокумбо даде 20 пени и имаше 13 скокови.
Крајно неизвесен натпревар одиграа и Атланта Хоукс и Сакраменто Кингс, а на крајот славеше Атланта со 109:108. Во тимот на Атланта по отуство на неколку мечеви поради повреда се врати српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ кој одигра 18 минути на натпреварот и постигна шест коша.
Слични новости
НБА: Победи на водечките Кливленд и Голден Стејт
Најдобриот тим на истокот Кливленд Кавалиерс се вратија со убедлива победа од 128:100 против Њу Орлеанс, по првиот пораз што го претрпеа од Бостон. На западот Голден Стејт Вориорс го задржа првото место со победата врз Атланта Хоукс од 120:97
УЕФА пресуди победа за Романија против Косово, но и изрече строга казна
Романија ја доби победата од 3:0 над Косово, откако нивниот натпревар од Лигата на нации во Букурешт беше прекинат прирезулат 0:0 кога гостинскиот тим го напушти теренот и мечот, соопшти во средата управното тело на европскиот фудбал
Квалификации за СП: Нова победа на Аргентина, реми на Бразил и Уругвај
Актуелниот светски фудбалски шампион Аргентина направи нов чекор кон квалификациите за Светското првенство во 2026 година што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада