Кошаркарите на ЛА Клиперс утринава на свој терен по продолженија го победија Сакраменто со резултат 111:110. Најефикасни во екипата на Клиперс беа Џејмс Харден со 29 коша и 11 асистенции, а Ивица Зубац постигна 22 коша и 14 скокови.

Кај гостите најефикасни беa Демар ДеРозан со 31 кош и Зак Лавин со 30 поени.

По победата Клиперс се на 8-то место на западната конференција со учинок од 35 победи и 29 порази, додека Сакраменто е деветти со скор од 33 победи и 30 порази.

Двете екипи најверојатно ќе играат во плеј ин доигрувањето за пласман во плеј офот.

Слични новости