
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс утринава го победија Кливленд со 132:119. Најефикасен во тимот на Клиперс беше Каваи Ленард со 33 поени, а Ивица Зубац постигна 28 коша со 20 скокови. Богдан Богдановиќ постигна 20 поени со стопроцентен шут од игра 8 од 8.
Кај Кливленд најефикасен беше Макс Струс со 24 поени, додека Донован Мичел постигна 18.
Ова беше четврта победа во низа за Клиперс кои се борат за шестото место кое носи директно учество во плеј офот.
Клиперс во моментов се на осмото место на западот со скор од 39 победи и 30 порази, Минесота е седма со 40 победи и 30 порази, а Голден Стејт е шести со 40 победи и 29 порази.
Слични новости
Голден Стејт го победи Милвоки, Бостон подобар од Бруклин и покрај повредите во тимот
Екипата на Голден Стејт Вориорс утринава во Сан Франциско ги победи Милвоки Бакс со 104:93. Во победничкиот тим најдобар беше Џими батлер со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда
Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој игра за Сакраменто Кингс ќе отсуствува од терените најмалку 10 дена поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти клубот од НБА.
Манчестер Јунајтед ќе ги зголеми цените на сезонските билети за пет отсто
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед одлучи да ги зголеми цените на сезонските билети за следната сезона за приближно пет отсто, со цел да ги ублажи финансиските проблеми